Фото: Принтскрин
„Карелија“ има посебно значење за рускиот претседател, а снимката која ја објави прес-службата на „Северната флота“ покажува екипаж кој е подготвен за нова патрола.
Нуклеарната подморница во која Владимир Путин во 2000 година помина ноќ во Баренцовото море на длабочина од 50 метри е модернизирана и сега е подготвен да биде во служба, а се очекува да остане во функција до 2038 година.
Подморницата е подготвена да носи 64 нуклеарни боеви глави распоредени во 16 проектили, а секој од нив има домет до 11.500 километри, што значи дека може да погоди одредени цели за околу 30 минути.
