Фото: Принтскрин
ОКТА го продолжи попустот кој им се нуди на големопродажните и малопродажните трговци до 6 април, а исто така го зголеми попустот од 2 на 3 денари по литар.
Попустот почнува да важи од денеска, 24 март 2026 година, а целта на ОКТА е да им овозможи на трговците да го пренесат бенефитот на крајните купувачи.
Максималните цени во Македонија кои ги утврди Регулаторната комисија се 86,5 денари по литар за бензин 95+, како и 95,5 денари за литар дизел, иако дел од бензинските меѓу кои и Макпетрол дадоа попуст по 2 денари на цената.
