Фото: Принтскрин
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов при гостувањето во емисијата „Аргумент плус“ го кажа својот став за случувањата на Блискиот Исток.
Ангелов смета дека Американците имале добра причина за напад врз Иран.
„Будно ја следам состојбата и нападот врз Иран. Знам дека САД не случајно го започна нападот, сигурно имаат добри причини, иако тоа нема да му се допаѓа на некого. Јас сум проамерикански настроен и го оправдувам овој напад затоа што во Иран владее режим кој ги казнува своите граѓани, но има и сериозно оружје. Целосно го оправдувам нападот на САД и Израел врз Иран. Времето ќе покаже што имал Иран. Замислете кога една таква власт како што е иранската би имала на располагање нуклеарно оружје? Која би била безбедноста на светот?“, кажа Ангелов.
Целото интервју на Ангелов погледнете го ТУКА.
