Воените случувања на Блискиот Исток оставија сериозни последици врз туризмот и воздушниот сообраќај. На социјалните мрежи сè почесто се појавуваат видеа од речиси празни авиони што летаат кон Дубаи, што до неодамна беше речиси незамисливо.
Според проценките на аналитичарите, одредени летови се реализираат со само 5 до 10 проценти исполнетост на патници, што укажува на драстичен пад на побарувачката.
Експертите предупредуваат дека бројот на меѓународни патници во регионот би можел да се намали за околу 11 проценти, што би значело загуба на милиони туристи и огромни финансиски приходи.
Воената криза веќе предизвика сериозни нарушувања во туризмот и авио-индустријата, а глобално, секторот за патувања се соочува со загуби од дури 600 милиони долари дневно.
