Фото: Принтскрин
Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски даде одговори на новинарско прашање за тоа како ја коментира ситуацијата кога новинар во Тетово ѝ бараше преведувач на министерката Весна Јаневска.
„Ти кажавме кога ќе дојдеш во Тетово да земеш преведувач“, ѝ кажа новинарот на министерката, по што таа му одговори дека не ѝ е потребен.
„Едноставно, некои луѓе не заслужуваат да биде коментирани. Ако некој одлучил да прави естрада и циркузант од себе, дозволете му, сите може да го видат и слушнат“, кажа Мицкоски.
