Фото: Принтскрин
Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски потврди дека е договорено намалување на цената на горивата на ОКТА, па така од денеска има три денари попуст на сите бензински кои се комитенти на ОКТА.
„Од денеска практично 3 денари попуст на сите оние бензински станици коишто се комитенти на ОКТА. Така што од овие цени коишто се максимални, коишто ги утврди вчера Регулаторната комисија за енергетика, имаме 3 денари попуст, со што ќе дојдеме до заклучок дека ги имаме апсолутно најниските горива во Европа во овој момент, цени на горива“, кажа премиерот.
