Фото: Јана Атанасовска
Македонската скијачка Јана Атанасовска имаше историски резултат во словенечкиот скијачки центар Рогла.
Атанасовска на првата трка во велеслалом го освои четвртото место, а притоа освои 33,20 ФИС точки – нов национален рекорд во дисциплината велеслалом.
Македонката имаше одличен настап и во втората трка, каде што стигна до седмото место.
