Фото: Принтскрин
Македонија се подготвува за полуфиналниот бараж за Светското првенство (СП) кој го игра против Данска во Копенхаген в четврток од 20.45 часот.
Александар Трајковски кажа дека Данска е фаворит на хартија, но верува во чудо како што што се случи пред неколку години во Палермо.
„Со нов селектор доаѓа нова енергија и нова визија. Мислам дека добро ќе се подготвиме за овој натпревар. Вчера првпат се приклучив и навистина видов одлична атмосфера и квалитетен тренинг. Ако продолжиме вака, ќе бидеме максимално подготвени. Искрено, ова е еден од најважните натпревари во мојата кариера на репрезентативен план. Нема поубаво чувство од победа во вакви моменти и можност да се бориш за пласман на Светско првенство. Се надевам дека ќе успееме да го повториме успехот од Палермо“, кажа Трајковски.
