Хрватското здружение за унапредување на правата на пациентите денеска реагираше откако жител на Вировитица, поради грешка во болничкиот систем, бил официјално евидентиран како починат.
Здружението остро го осуди, како што наведуваат, шокантниот пропуст во болницата во Вировитица. Според нив, поради замена на идентитет и матичен број, пациентот бил заведуван под туѓи здравствени податоци — нешто што, како што истакнуваат, е недозволиво и незамисливо во современи услови.
Тие предупредуваат дека ваквиот случај укажува на сериозни и долготрајни слабости во функционирањето на здравствениот систем, особено во неговата дигитална инфраструктура.
„Овој настан јасно покажува дека постојните системи не се доволно безбедни и сигурни, дека контролите не функционираат како што треба, а задолжителните протоколи за идентификација на пациентите очигледно не се почитуваат, со што директно се загрозува нивната безбедност“, соопштија од здружението.
Оттаму бараат итна и независна истрага, целосно и транспарентно утврдување на одговорноста на сите нивоа, како и воведување на задолжителни дигитални и организациски мерки за да се спречи повторување на вакви сериозни грешки.
Воедно, изразија сочувство до семејството на починатиот пациент и најавија дека стојат на располагање за правна и советодавна помош во заштита на нивните права и обезбедување соодветна отштета поради, како што велат, тешката повреда на достоинството и безбедноста на пациентот.
Веста ја пренесува b92.net
