На свеченото отворање на обновениот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во Тетово, присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, градоначалникот Билал Касами и министерката за образование Весна Јаневска.
Непосредно пред да се обрати пред медиумите, еден новинар ја праша министерката дали со себе има ангажирано преведувач. Таа кратко одговори дека не користи таква услуга.
На дополнително потсетување дека и при претходна посета на Тетово ѝ било сугерирано да обезбеди преведувач, Јаневска нагласи дека тоа, според неа, не е потребно.
„Не гледам причина за тоа. Секој во Македонија треба да го познава македонскиот јазик“, изјави министерката.
Инаку, ова не е првпат вакво прашање да ѝ биде поставено. И во минатото, при нејзини посети во Тетово, новинари ја отворија истата тема, на што таа тогаш исто така одговори дека службениот јазик во државата е македонскиот и дека не смета дека е неопходен преведувач.
Веста ја пренесува Skopje1.
