Фото: Принтскрин
Цените на бензините на бензинските станици ќе бидат намалени за по 2 денари по литар за Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 во однос на ценовникот утврден од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), информираа од АД Макпетрол.
Согласно новата одлука, Еуросупер БС-95 ќе се продава по 84,5 денари за литар, додека цената на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 86,5 денари за литар.
Поевтин ќе биде и дизелот за два денари во однос на цената одредена од РКЕ.
