Фото: Принтскрин
Израелските медиуми пишуваат дека постои шанса да се прекине војната во Иран, откако САД го одредиле 9 април како можен датум за крај на воената пресметка.
Наводно, Вашингтон го одредил 9 април како конечен датум за завршување на војната, додека во моментов се воделе преговори.
Според изворот, разговори меѓу Иран и САД се закажани за крајот на оваа недела во Пакистан.
Американскиот претседател Доналд Трамп кажа претходно дека наредил да се одложат сите напади на иранските електрани за пет денови.
