Фото: Принтскрин
Иранската државна новинска агенција „Мер“ упати остро предупредување за последиците од можниот напад на енергетската инфраструктура на земјата, при што нагласи дека таков потег ќе има последици за целиот регион.
Во пораката се наведува дека во случај на „најмал напад на електричната инфраструктура на Иран, целиот регион ќе падне во мрак“.
На илустрацијата е прикажана мапа од Персискиот залив со означени електрани и енергетски постојки во држави како Саудиска Арабија, Катар, Бахреин и други.

