Снимката е направена на 21 август 2024 година во Грозни, главниот град на Чеченија.
Тој ден, Владимир Путин ја посети џамијата „Пророк Иса (Исус)“ во придружба на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.
За време на посетата, на рускиот претседател му беше врачено богато украсено издание на Куранот со златни детали.
По приемот, Путин го бакна Куранот како знак на почит кон исламот, по што видеото брзо се прошири на социјалните мрежи и привлече големо внимание.
Оваа посета беше дел од неговата регионална турнеја, а воедно и прва негова посета на Чеченија по повеќе од десет години.
Во изминативе денови, снимката повторно стана актуелна, ширејќи се масовно на интернет и предизвикувајќи бројни реакции и изрази на поддршка за рускиот претседател.
Веста ја пренесува Crnagorauzivo_
