Фото: Принтскрин
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ја уништи иранската електрана ако Техеран во целост не го отвори Ормускиот теснец во рок од 48 часа, што предизвика драматична ескалација.
„Ако Иран целосно, без никакви закани, не го отвори Ормускиот теснец во рок од 48 часа од овој момент, САД ќе ја нападне и уништи неговата најголема електрана“, напиша Трамп.

