Американскиот претседател Доналд Трамп упати сериозна закана дека САД ќе ги уништат електраните во Иран ако Техеран не го отвори Ормускиот теснец во рок од 48 часа.
Трамп, кој синоќа доцна навечер преку социјалните мрежи објави ултиматум, нагласи дека дава ограничен рок за отворање на овој клучен пловен пат.
„Ако не се постапи по ова, Иран ќе се соочи со нови воени напади“, порача Трамп, истакнувајќи дека САД ќе започнат со уништување на најголемите електрани.
Веста ја пренесува pepo.politika
