Фото: Христијан Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски на вонредна седница објави нов пакет мерки за заштита на стандардот, со кој државата привремено се откажува од дел од даночните приходи за да спречи нагло зголемување на цените на нафтените деривати. Од 18 на 10 отсто се намалува ДДВ за горивата, одлучи владата. Со намалувањето на ДДВ на 10%, цената на бензинот останува стабилна на ниво од 1,37 до 1,44 евра, додека дизелот ќе се зголеми само за 3 до 3,5 денари, наместо најавените 10 денари.
Мицкоски истакна дека Македонија моментално нуди „оаза“ со најевтино гориво, што предизвика засилена навала на пограничните премини. Странски државјани дневно точат дополнителни 150.000 литри гориво. Најголем притисок се забележува во Дебар, Струга, Гевгелија и Куманово, каде потрошувачката е значително зголемена поради тоа што цените во Србија, Грција и Албанија достигнуваат до 2 евра за литар.
Владата прогласи кризна состојба за нафтените деривати, овозможувајќи побрза реакција и директна финансиска поддршка за стабилизирање на цените во наредните 14 дена.
Веста ја пренесува Zboruvaj.mk
