Замислете дека доаѓате на бензинска пумпа – а таму редови кои не се поместуваат. Возачи нервозни, ограничувања при полнење гориво и неизвесност која тежи во воздухот: дали ќе има доволно гориво?
Токму тоа се случува сега во Велика Британија. Стравот од недостиг се шири побрзо од самиот проблем. Поради глобалната криза и конфликти на Блискиот Исток, цените на горивата растат – дизелот веќе пораснал за 17%, а властите разгледуваат драстични мерки како ограничување на потрошувачката и рационализација на горивото.
Ситуацијата е дополнително загрижувачка бидејќи земјата има ограничени резерви – процените покажуваат дека залихите ќе траат само околу 26 дена, што е помалку од претходно.
Најризичното е – ПАНИКАТА. На некои пумпи веќе се воведени ограничувања за купување, бидејќи возачите складираат гориво и празнат резервоари побрзо отколку што системот може да го наполни.
Експертите предупредуваат: ако глобалните приливи на нафта останат нарушени, Британија може да воведе рестрикции на горивото и приоритет за итни служби, сценарио што потсетува на најтешките енергетски кризи во историјата.
Додека властите се обидуваат да ја смируваат јавноста со тврдењето „нема причина за паника“, паралелно подготвуваат планови за намалување на потрошувачката: помали брзини на автопатите, ограничувања на возење и дури затворање на пумпи ноќе.
Едно е јасно – кога државата подготвува вакви мерки, тоа не е без причина.
