Фото: Принтскрин
По три недели војна, администрацијата на Доналд Трамп почнала прелиминарни разговори за следната фаза од конфликтот и можни мировни преговори со Иран, пишува „Аксиос“.
Комуникацијата се одвива преку посредници, односно Египет, Катар и Велика Британија, а наводно Иран покажал интерес за преговори.
„Нашиот став е дека го запревме иранското напредување“, кажал висок член на американската администрација.
Шест американски барања:
• Првото барање е петгодишна суспензија на ракетната програма.
• Второто е целосна забрана за збогатување на ураниум.
• Третото се однесува на демонтажа на реакторите во нуклеарните објекти Натанс, Исфахан и Фордо, кои САД и Израел ги бомбардираа минатата година.
• Четвртото е воспоставување на строги надворешни протоколи за надзор на создавањето и користењето на машини кои би можеле да послужат за развој на нуклеарна програма за оружје.
• Петтото е склучување договор за контрола на вооружување со земјите во регионот, што вклучува ограничување на бројот на проектили на најмногу 1000.
• Шестото е услов прекин на финансирање на посреднички групи како Хезболах во Либан, Хути во Јемен или Хамас во Газа.
US DRAWS UP IRAN PEACE TALK DEMANDS — Axios
— RT (@RT_com) March 21, 2026
AMERICAN DEMANDS:
– No missile program (5 years)
– Zero uranium enrichment
– Nuclear sites dismantled
– Outside monitoring of centrifuges
– Missile capped at 1000
– No proxy funding
But: ‘No serious/direct contact in recent days’ pic.twitter.com/vFot0efdsy
