Фото: Пожарникари - Струмица
Во раните утрински часови пожарникари-спасители од ТППЕ Струмица интервенирале при спасување на девојка која паднала во провалија под Цареви Кули, односно местото Црвен ДОл.
„Станува збор за исклучително тежок и непристапен терен, каде интервенираа шест пожарникари-спасители со две теренски противпожарни возила. Во акцијата беше користена алпинистичка опрема и носила за безбедно извлекување на повреденото лице. По успешно спроведената акција, лицето беше извлечено и предадено на екипа на Итна медицинска помош“, се вели во соопштението.
