Фото: X
Израелските одбранбени сили објавија фотографија со проценка на дометот на балистичките ракети кои ги има Иран.
Ракетите имаат домет речиси низ цела Европа, како и делови од Велика Британија, а оваа објава следи по вчерашниот обид за напад на воената база „Диего Гарсија“ во Индискиот океан.
„Иран лансираше две балистички ракети со домет до 4.000 километри кон американската цел, односно базата Диего Гарсија. Тие ракети не беа наменети за напад на Израел. Нивниот домет стигнува до Берлин, Париз и Рим“, пишува во објавата.
