Фото: Принтскрин
Три недели од почетокот на војната, Иран испраќа сигнали дека верува во победа и дека е во позиција да му наметне спогодба на Вашингтон за да ја зацврсти доминацијата на Техеран.
Доналд Трамп и Бенјамин Нетанјаху претходно даваа контрадикторни изјави за траењето на војната, при што се обидуваа да го смират пазарот, но и да го држат Техеран во неизвесност.
Иран верува дека времето работи во нивна корист, иако САД и Израел имаа соопштенија за позитивни воени акции врз земјата.
Интензитетот на нападите во последните денови порасна во однос на претходно, а иранските удари оваа недела предизвикаа штета во различни земји како Катар, Кувајт, Бахреин и други.
Техеран најави дека ќе прифати прекин на огнот само ако платат висока штета Вашингтон и сојузниците.
Меѓу условите за прекин на војната се наведуваат огромни воени отштети, повлекување на американските сили од регионот, а исто така Иран предложи Ормускиот теснец да стане наплатна точка под негова контрола, односно секој брод кој минува ќе треба да плати данок.
