Фото: Принтскрин
Информациите за неуспешниот ракетен напад на базата „Диего Гарсија“ привлекоа големо внимание, а доаѓаат во момент кога Владата на Велика Британија ја промени својата политика и му дозволи на САД од британска територија да изврши напади врз Иран.
Американските сили ќе можат да ги користат британските бази „Ферфорд“ и „Диего Гарсија“ за напади врз иранските капацитети, а оваа промена предизвика остра реакција од Иран.
Промената на политиката носи и ризици за Велика Британија. Ракетниот напад врз базата покажува дека Иран има способност за напад на голема далечина, зашто до базата има околу 4.000 километри.
Исто така, постои ризик за цивилните авиони кои на свои рути го заобиколуваат Иран, но летаат низ воздушниот простор по кој може да помине таков проектил.
