Фото: Принтскрин
Иран изврши ракетен напад со балистички ракети на британската воена база „Диего Гарсија“.
Ова доаѓа само неколку часа откако Кир Стармер му даде дозвола на Доналд Трамп да ги користат базите на Велика Британија.
„Диего Гарсија“ се наоѓа на околу 3.800 км од Иран, со што се доведува во прашање претходното тврдење дека балистичките ракети имаат домет од само 2.000 км.
Експертите предупредуваат дека Иран покажал поголема способност, а заканата од ракетите може да загрози голем дел од Европа.
Тоа го вклучува и Париз, кој е оддалечен околу 4.198 км од Техеран, додека Лондон е на 4.435 км.
