Фото: Принтскрин
Македонскиот атлетичар Јован Стојоски имаше успешен настап на 400 метри за Светското атлетско првенство во сала, кое се одржува во Торун, Полска.
Стојоски оствари време од 47,93 секунди, односно тоа е неговиот најдобар резултат оваа сезона.
Македонскиот претставник заврши на 24. позиција на трката на 400 метри.
