Израелските безбедносни сили употребиле солзавец за да ги оттурнат палестинските верници кои се обидувале да ја извршат бајрамската молитва во близина на џамијата Ал Акса.
Според извештаите, пристапот до комплексот бил ограничен, откако израелските власти го затвориле подрачјето поради ескалацијата на конфликтот поврзан со воените дејствија меѓу САД и Израел од една страна и Иран од друга.
Верниците се обиделе да се соберат и покрај забраните, но биле растерани со интервенција на силите за ред и мир, што дополнително ги зголемило тензиите во регионот.
Веста ја пренесува aljazeeraenglish.
