Фото: Црква Света Петка - Црниче
Со длабока тага верниот народ ја прими веста дека се упокои во Господа ипоѓаконот Стојан, кој од најрана возраст му служеше на Бога и беше посветен на светата великомаченица Петка.
Неговиот живот беше исполнет со вера, смирение и љубов кон Црквата, оставајќи длабока духовна трага меѓу верниците.
Опелото ќе го изврши Неговото Блаженство, г.г. Стефан, во сабота со почеток во 12:00 часот, во црквата „Св. Петка“ во населбата Црниче.
Верниците ќе имаат можност да се простат од ипоѓаконот Стојан и да му оддадат последна почит.




Фото: Црква Света Петка – Црниче
