Фото: Принтскрин
Поранешниот учесник во реалити шоу, Џордан Рајт е пронајден починат на 33-годишна возраст.
Британската ТВ-ѕвезда и поранешно момче на Вики Патисон е пронајден починат во канал на тајландски остров во саботата, пишува „Сан“.
Рајт бил пронајден од работник од Мјанмар, по што била известена полицијата.
Наводно претходно бил снимен од надзорни камери како нервозно се движи, по што бил пронајден починат.
Џордан, кој се пресели на Тајланд пред неколку недели, се прослави со настапите во „The Only Way is Essex“. Снимката може да се погледне ТУКА.
