Фото: Принтскрин
Војната на Блискиот Исток продолжи да ги крева цените на нафтата, која надмина над 110 долари за барел, а тоа ќе се рефлектира во Македонија, регионот, но и целиот свет.
„Нас ни останува утре да ги одредиме цените на горивата, а реално тие ќе одат до 250 динари, а можеби и повеќе“, кажа претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Вучиќ посочи дека акцизата за гориво веќе е намалена максимално колку што дозволува законот, и тоа од 74 на 59 динари.
