Во вторникот, граѓаните имаа ретка можност да видат несекојдневна сцена на автопатот кај Нов Белград – призор што повеќе наликуваше на филмска акција отколку на секојдневие. Колона возила со вклучени ротациони светла се движеше по трасата, додека над неа, на ниска висина, кружеше хеликоптер.
Според неофицијални информации, ваквата засилена безбедносна придружба била организирана за израелска делегација. Сепак, Министерството за внатрешни работи сè уште не излезе со официјално соопштение за случувањето, и покрај сè поголемиот број реакции, критики и прашања од јавноста.
Веста ја пренесува serbian.times
