Фото: Принтскрин
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека земјата презема мерки поради, како што рече, потенцијална закана од Албанија, Хрватска и Приштина.
Тој посочи дека зголемената воена соработка меѓу Тирана, Загреб и Приштина предизвикува сериозна загриженост за безбедноста на Србија, нагласувајќи дека негова должност е да ја заштити државата и нејзините граѓани.
Вучиќ истакна дека Србија работи на зајакнување на своите одбранбени капацитети со цел одвраќање од евентуални закани. Сепак, подвлече дека земјата останува посветена на мирот и стабилноста во регионот.
И покрај актуелните тензии, тој додаде дека Србија одржува коректни односи со НАТО, додека истовремено ја следи својата политика на воена неутралност.
