Фото: Принтскрин
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека бил украден бакарен лим од кров на црква во Чаир.
„На 16.03.2026 во 17:25 часот во СВР Скопје, од Македонската православна црква – Охридска архиепископија е пријавено дека во периодот од февруари 2026 година до пријавувањето, од црквата „Св.Великомаченик Ѓорѓи“ на подрачјето на Чаир во Скопје бил одземен бакарен лим од кровот на црквата, при што сторителите се стекнале со противправна имотна корист од над 150.000 денари“, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
