Снимка од безбедносни камери го прикажува драматичниот момент кога маж бил удрен од автобус на улица во Рединг.
Според информациите, станува збор за Сајмон Смит, кој додека се движел по улицата „Ган“, бил оттурнат од возилото и паднал на земја. И покрај силниот удар, тој успеал сам да стане и поминал само со полесни повреди и модринки.
Од полицијата информираат дека засега нема уапсени лица, додека од компанијата за јавен превоз наведуваат дека станува збор за сериозен инцидент кој веќе е предмет на внатрешна истрага.
