Фото: Принтскрин
Американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека ќе биде многу лошо за иднината на НАТО доколку не помогне да се обезбеди Ормускиот Теснец, објави „Гардијан“.
Сообраќајот низ теснецот каде што поминува петина од нафтата во светот е блокиран поради војната меѓу САД, Израел и Иран.
„Разговарав со седум земји за одржување на Ормускиот теснец. Барам земјите да ја штитат својата територија. Тоа е место од каде што добиваат енергија. Ако не добијам одговор од други држави, тоа ќе биде многу лошо за иднианта на НАТО“, кажа Трамп.
