Фото: Принтскрин
Главните лица на водечките американски нафтени компании го предупредија американскиот претседател Доналд Трамп дека енергетската криза ќе се влоши поради војната во Иран.
Главна причина е нестабилноста во протокот на нафта низ Персискиот залив, кој би можел да предизвика нестабилност на глобалните енергетски пазари, пишува „Волстрит Журнал“.
Белата куќа во моментов разгледува неколку мерки за да ја намали цената на нафтата, а меѓу нив се и ублажување на санкциите на руската нафта, како и пуштање на големи количини од стратешките резерви.
Нафтените гиганти, сепак, сметаат дека единствено трајно решение е отворање на Ормускиот теснец, од каде што поминува голема количина на нафта.
