Фото: Принтскрин
Вчера се одржа протест за зголемување на минималната плата, но и останатите плати во Македонија, при што илјадници граѓани го покажаа својот револт.
„Гладот го победи стравот! Работниците денес покажаа дека не се издржува со 26.000 денари минимална плата. Работниците не излегоа за да се прошетаат туку да им укажат на власта и работодавачите дека со празни фрижидери, продуктивен работник не се одржува. За да го помине месецот како ЧОВЕК на работникот му требаат 64.000 денари, а добива трипати помалку.
Денес многу работници не дојдоа поради заканите во удбашки стил дека ќе бидат снимени, следени, а можеби и избркани или деградирани на работните места. Само бидете сигурни дека следниот пат „филмот” ќе пукне, гладот ќе го победи и стравот и лавот.
Веќе никому не му е гајле дали не етикетирате како СДСМ, ДПМНЕ, Левица, ДУИ или Вреди. Бројте не, боите не, сликајте не. Но да знаете дека НИЕ сме ВМРО, она што вие неможете да бидете. ВМРО е свето име, а за да бидеш ВМРО треба да го цениш работникот кој ја гради, ја одржува економијата и интегритетот на нашата држава Македонија.
Затоа во најкус можен рок побарајте не да не известите дека ќе ја покачите минималната плата на 600 евра и сите останати за 6.000 денари“, објави Иван Пешевски.
