Фото: Принтскрин
Скопјанка пријавила во полиција дека во нејзиното возило бил пронајден уред за следење, кој најверојатно бил поставен од нејзиниот сопруг со кого биле во бракоразводна постапка.
„На 14.03.2026 година во 02.30 часот во СВР Скопје, 49-годишна жена пријавила дека на 13.03.2026 година во автомеханичарски сервис во нејзиното возило бил пронајден уред за следење, при што посочила дека најверојатно го поставил нејзиниот сопруг А.С., со кого биле во бракоразводна постапка“, соопштија од полицијата.
