Фото: Принтскрин
Во текот на вчерашниот ден, односно околу 18.40 часот се случил инцидент во Тетово, каде што млада девојка паднала од балкон на станбена зграда.
Случајот бил пријавен во полиција, а од СВР Тетово информираат дека кон местото на инцидентот биле упатени и екипи на Итна медицинска помош.
Полицијата извршила увид на местото на несреќата, а истрага се спроведува по наредба на јавен обвинител.
