Фото: Принтскрин
Ирански проектили ја погодија американската воздушна база во Саудиска Арабија и оштетиле пет американски воени танкери за дополнување на гориво, објави „Волстрит Журнал“.
Според медиумот, танкерите биле стационирани во базата и оштетени со иранскиот ракетен напад.
Ниту еден авион не е целосно уништен, односно во тек се поправка на истите, велат од американска страна.
