Денеска во селото Брестач беше одржан погребот на Драган Лазиќ (32), брат на познатиот фолк-пејач Дарко Лазиќ, кој трагично го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа.
Драган настрадал на 11 март на патот кон Шабац, кога моторот што го управувал се судрил со патнички автомобил. Неговата смрт ја потресе не само семејството, туку и голем број пријатели и познаници.
Колона од стотици луѓе и бајкери го испратија на последниот пат
Пред семејниот дом на Лазиќ уште од раните часови почнаа да се собираат роднини, пријатели, колеги од естрадата и жители на Брестач. Особено впечатлива беше колоната бајкери – пријатели на починатиот, кои со моторите го придружуваа погребната поворка.
Младите членови на семејството го носеа крстот и фотографијата на Драган, додека ковчегот беше пренесен кон селските гробишта. Звуците од моторите и тивките молитви го следеа поворката на последниот пат.
Дарко Лазиќ неутешен: „Брате мој, зошто ме остави“
Најтешките моменти беа кога ковчегот беше спуштен во гробот. Дарко Лазиќ со солзи во очите се прости од својот брат, повторувајќи низ плач:
„Збогум брате мој…“
Според сведоците, пејачот едвај стоел на нозе, а во неколку моменти го галел ковчегот и зборувал со својот брат, скршен од болка.
Ќе почива покрај својот татко
Драган Лазиќ е погребан на гробиштата во Брестач, каде што ќе почива покрај својот татко Милан, кој почина во 2020 година.
По погребот, семејството организираше трпеза во дворот на нивниот дом, каде најблиските се собраа за да му оддадат последна почит.
Тажни сцени: сопругата и мајката неутешни
Сопругата на Драган, Ивана, беше во првите редови на поворката и едвај стоеше на нозе, додека најблиските ја придржуваа. И мајката на починатиот во еден момент почувствувала силна слабост од тага.
Познати личности дојдоа да изразат сочувство
На погребот присуствуваа и многу личности од јавниот живот и естрадата, меѓу кои пејачи и пријатели на Дарко Лазиќ, кои дојдоа да му дадат поддршка на семејството во овие тешки моменти, објави Курир рс.
