Фото: Принтскрин
Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски од Кочани најави дека ќе има намалување на цените на горивата.
Мицкоски кажа дека заедно со Министерството за енергетика и компанијата ОКТА работеле на модел за да се обезбеди поевтино гориво.
ОКТА од денеска треба да даде од 45 до 50 долари по тон на копаниите кои соработуваат со неа, а тоа значи дека ќе има намалување од два денари по литар.
„Разговарав и со дел од сопствениците на бензинските пумпи. Очекувам откако ќе биде објавена новата цена, во текот на денот нафтените деривати да се намалат за 2,5 денари“, кажа премиерот.
