Фото: Принтскрин
Еден од најмоќните ирански луѓе, Али Лариџани се закани дека ќе го ликвидираат американскиот претседател Доналд Трамп.
Ова не е првпат САД да добива сериозни закани од Иран по животот на Трамп, затоа што и во 2024 година му се заканувале со атентат.
„Го средив јас него, пред да успее тој мене. Го средив јас прв“, кажа Трампп.
Трамп пред една година кажа што би се случило ако го ликвидираат, односно посочи дека Иран ќе биде „избришан од лицето на земјата“.
„Би било грозно тоа да го направат. Кога би го направиле, ќе бидат избришани од лицето на земјата. Тоа ќе биде крај. Ништо нема да остане“, кажа Трамп.
