Фото: Принтскрин
Пратениците во Собранието денеска го одбија предлогот на Левица за дуплирање на повратот на ДДВ од „МојДДВ“, откако денеска гласаа само 17 пратеници „ЗА“ и еден беше воздржан од 92 регистрирани.
Пратеничката група на Левица бараше да се зголеми двојно повратот на ДДВ за граѓаните на тромесечје преку „МојДДВ“.
Освен за корисниците на „МојДДВ“, предлогот опфаќаше и втора мерка која беше насочена кон малите фирми, семејните бизниси, занаетчиите и земјоделците. Левица предлага зголемување на прагот за задолжителна регистрација за ДДВ-обврзник од 2 на 4 милиони денари.
