Фото: Принтскрин
Во раните утрински часови во неделата, околу 3.45 часот, пред ноќниот клуб „Х2О“ во Загреб се случи брутален напад во кој шест мажи тепале две момчиња на возраст од 18 и 19 години.
Напаѓачите турнале едно момче на подот по што го тепале со раце и нозе додека не загубил свест.
Потоа интервенирал и неговиот пријател, кој исто така бил претепан и се здобил со тешки повреди.
Сведок на инцидентот открива дека нападнатото момче неодамна оперирало тумор на лимфни јазли и имал видлива рана, но и покрај тоа насилниците го претепале.
