Фото: Принтскрин
Американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека постигнале голем напредок во остварување на воените цели во Иран.
„Можам да кажам дека практично се остварени сите воени цели“, кажа Трамп.
Трамп доби прашање дали војната ќе заврши до крајот на неделата, по што Трамп даде краток одговор.
„Не, но наскоро ќе заврши. Сè ќе заврши наскоро“, објасни претседателот на САД.
Првиот човек на САД кажа дека Иран ќе го преземел Блискиот Исток доколку Америка и Израел не нападнеле први.
„Иран е моќна земја. Тие ќе го преземеа Блискиот Исток ако не ги нападневме први“, вели Трамп.
