Фото: Принтскрин
Зголемувањето на цените на нафтата на светската берза ја зголеми цената и на горивата на македонските бензински.
Цените на горивата од полноќ значително се зголемуваат. Бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поскапуваат за 5 денари по литар, па новата цена ќе изнесува 79,50, односно 81,50 денари за литар.
Најголем раст има кај Еуродизел (Д-Е V), кој поскапува за 14,50 денари по литар, со што новата цена достигнува 85,50 денари за литар.
