Фото: Принтскрин
Рускиот претседател Владимир Путин кажа дека војната во Иран предизвика глобална енергетска криза и предупреди дека производството на нафта наскоро би можело да се намали драстично поради ситуацијата.
Путин повтори дека Русија е подготвена да ја снабди Европа со нафта и гас. Русија е втор најголем извозник на нафта во светот и има најголеми резерви на природен гас.
„Ако се решат да се насочат кон нас и ни дадат долгогодишна соработка, ослободени од политички притисок, подготвени сме да соработуваме со Европа. Меѓутоа, потребни ни се гаранции дека се подготвени и сакаат да соработуваат“, кажа Путин.
