Фото: Принтскрин
Кина го изрази својот став на било какво делување против новиот ирански врховен водач, Мојтаба Хамнеи.
„Кина се противи на мешање во внатрешните прашања на другите земји, под било кој изговор, а иранскиот суверенитет, сигурност и територијален интегритет мора да се почитуваат“, велат од Кина.
Израел минатата недела предупреди дека новиот ирански врховен водач ќе биде мета, дури и пред да стапи на должност.
Американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека новиот лидер нема да трае долго без негово одобрување.
