Фото: Принтскрин
Индонезиската полиција го потврди страшниот епилог на потрагата по Игор Комаров, кој беше киднапиран на средината на февруари.
Комаров беше киднапиран на 15 февруари додека возел скутер, а се верува дека киднаперите го лоцирале по објавите на неговата девојка.
Зад нив стои украинска криминална група која од таткото на жртвата барала откуп од 10 милиони долари, а синот се појави пред камера и молеше родителите да ги исполнат барањата.
Досега едно лице е уапсено, а истрагата за случајот продолжува.
