Фото: Принтскрин
Групна тепачка се случила минатата ноќ на подрачје на Кисела Вода во која учествувале неколку жени.
„На 06.03.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 66-годишната Н.Т., 38-годишната И.Т., 30-годишната А.Н, М.Н.(85), М.К. (62) и С.Н.(59), сите од Скопје“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
